Дали е ова имете за кое се преговара: Централна Балканска Република?

На преговарачите за името на Република Македонија, Адамантиос Василакис од грчка страна и Васко Наумовски од македонска, наскоро ќе им биде преставен нов предлог. Метју Нимиц наместо на 20 или 21 ноември, предлогот ќе го претстави на почетокот на декмври.

Предлогот, без да се знаат сите податоци, „ќе биде прифатен од Владата на СИРИЗА за да го затвори ова прашање и да ја воведе државата во НАТО"!

Со „Крштевка за ФИРОМ" во насловот, грчки медиум го анализира сегашниот „напредок" во односите меѓу Атина и Скопје како пресвртен во затворањето на проблемот со името на северниот сосед во потесен и поширок контекст. Па така, во анализата се вели дека тимот за националнна безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп ќе им дал нов импулс на напорите за затворање на отворените прашања на Балканот, а Скопје е важен дел од оваа загатка, па членството во НАТО е од клучно значење за Вашингтон.

Поради ова, во последно време се зборува многу за прашањето за името, а се нагаѓа дека новото име ќе биде „Централна Балканска Република".

„По победата на Зоран Заев, Грција покажува 'добра волја' и ова се толкува како можност за наоѓање решение во Њујорк по секоја цена, бидејќи она што е важно е – курсот на ФИРОМ ... кон Евроатлантската унија".

Вицепремиерот на Скопје, Кочо Анѓушев, зборувајќи на универзитетот „Џонс Хопкинс" деновиве отворено повика на американска интервенција за решавање на ова прашање.

Добро е познато и јасно дека Вашингтон би сакал на следниот самит на НАТО да ја вклучи и БЈРМ во составот на Алијансата по секоја цена.

Проблемот со името се „дебатира" повеќе од дваесет години, а САД дефинитивно сакаат да го завршат спорот овде и сега, бидејќи рускиот фактор демне со своите планови со помош на Груевски и оној за балканскиот панславизам.

Другиот фактор е енергијата, бидејќи многу гасоводи минуваат низ Грција и БЈРМ, додека „опасните" „Посејдон" и „Турски поток" мора да бидат „уништени" во нивниот зародок.

Посветеност на новата влада на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) во врска со интерконекцијата на системите за природен гас на Грција и на ПЈРМ изрази Митко Андреевски, советник за енергија на премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, на состанокот со претседателот и извршен директор на ДЕСФА, Сотирис Ника, кој се одржа завчера во Скопје.

Поради овие проекти кои вклучуваат „многу пари", се сака да се стави крај на прашањето за името, притискајќи ги Атина и Скопје да најдат заедничко решение.

Инаку, дека 2018-та година е златен прозорец на можности за решавање на спорот со Грција, смета вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Во изјава за ТВ 21, тој вели дека наредната година мора да се дојде до решение на тридеценискиот спор кој ја кочи Македонија на евроинтегративниот пат. 2019-та е веќе доцна, смета Османи бидејќи тоа е година на избори, во Европа, Грција но и Македонија.

-Засновајќи се на претходно искуство никој не може да гарантира дека решение ќе има, меѓутоа ние сме оптимисти и работиме да има решение. Сметаме дека околностите се такви односот кон сериозноста на проблемот на двете држави е таков, да има предуслови да се реши ова прашање. Го чекаме предлогот на господинот Нимиц, за да можеме суштински да разговараме и да најдеме решение. Мое лично убедување е дека мораме да ја искористиме 2018-та инаку влегуваме во маѓепсан круг на латентно рециклирање на кризите кои ги имаме во последните 25 години, изјави Османи.

Коментари

Популарно