Рада Манојловиќ поради момчето повторно во депресија

Иако врската помеѓу Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ изгледа идеално, пејачката често нагласува дека меѓу нив нема никакви проблеми, но се чини дека сепак се појавиле проблеми во рајот, а тоа го потврди и нејзиниот татко.

Тој за српските медиуми откри дека неговата ќерка повторно минува низ тешка фаза во својот живот, а за тоа се виновни мажите и кариерата.

Точно е дека повторно почна малку да јаде и да спие. Како слушнав, повторно паѓа во депресија. Јас и велам да дојде на село, но таа не сака. Малку да ме слуша се ќе биде во ред. Момците и естрадата и дојдоа преку глава, се нервира околу песните па и за тие момци. Никој не е вреден за нејзините солзи. – искрено изјави таткото на Рада.

Коментари

Популарно