Добро ќе се збогатат за Нова Година - колку пари ќе земат Мерлин, Брена, Жељко и Ана

Најпознатите пејачки ѕвезди добро ќе поминат оваа Нова Година, а уште сега е познато колкави хонорари ќе добијат.

Дино Мерлин ќе пее во Дубровник за 80.000 евра. Цеца ќе пее во клуб во Бања Лука за 50.000 евра. Ана Николиќ ќе го прекине породилното боледување и ќе пее во белградски хотел за 25.000 евра. И жељко Јоксимовиќ за истата сум како Ана ќе пее на Јахорина.

Апсолутен рекордер е Лепа Брена, која оваа година ќе добие 100.000 евра за настап во луксузниот хотел во Петровац.

Коментари

Популарно