ХОРОР: Вака изгледа Грција по страшните поплави (ГАЛЕРИЈА)

16 загинати засега во поплавите кои ја погодиле Грција, откако пожарникарите пронашле тело на маж во подрумот на една куќа во Неа Перамос.

Спасувачките акции продолжиле, бидејќи уште неколку лица се водат како исчезнати, а метеоролозите најавуваат уште врнежи.

Поплавите направиле огромен неред на улиците во Атина, но и многу места на западниот брег.

Олујното невреме не ја заобиколило Атина ни денес, а довело и до привремен прекин на сообраќајот на една од главните авении во грчката престолнина.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во четвртокот прогласил национална жалост.

“Ова се многу тешки моменти за Грција. Минуваме низ голема катастрофа”, рекол Ципрас во обраќањето до јавноста.

Многумина останале без покрив над главата, откако водената стихија поплавила два крајбрежни града, Неа Перамос и Мандра, западно од грчката престолнина, по обилните дождови кои паѓале цела ноќ во вторникот кон средата.

Некои жители биле принудени да се качат на крововите и балконите, додека поплавата носела многу автомобили, рушејќи ѕидови на куќи.

“Ова е библиска несреќа…Се исчезна”, рекла градоначалничката на Мандра, Јана Крикуку за телевизија ERT.

Коментари

Популарно