Жена му не го пуштала во кафеана, па си ископал тунел!

Водоинсталатер од Ирска, верувале или не, ископал тунел од својата спална соба со локалниот паб кој се наоѓа на 800 метри одалеченост од куќата.

За тоа му биле потребни цели 15 години, а на идејата дошол откако гледал филм. Причина – неговата сопруга силно хрчела.

Патси К. добил повик за на суд откако поради него под куќата на соседот пукнала канализациона цевка.

Тој на суд раскажал се поврзано со неговиот тунел, како и причините поради кои копал изминатите 15 години.

-Мојата жена има проблем во хрчењето. Откако го гледав филмот The Shawshank Redemption во 1994 година одлучив да преземам нешто во врска со тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правец на пабот. Ги користев сите можни алати, од лажица до бушилка за тунел која успеав да ја однесам во дупката додека сопругата беше на пазарување. Дури во 2009 успеав да излезам на другата страна и тоа во женскиот тоалет, изјавил Патси.

Изминатите пет години, Патси секоја вечер одел во пабот во 23 часот и се враќал во 1 часот по полноќ.

Неговата жена не ни насетувала што прави тој и каде е додека таа спие.

-Да бидам искрен, мило ми е што сум фатен. Сопругата наутро секогаш чувствуваше дека мирисам на алкохол, а јас и одговарав дека тоа е мојот природен мирис. Беше само прашање на време кога некој ќе ме фати. Сопственикот на пабот се прашуваше како секогаш доаѓам во исто време и како исчезнувам од женскиот тоалет, изјавил Ирецот.

Тунелот бил откриен откако настанал проблем со канализацијата кој е предизвикан поради пукање на цевка која Патси случајно ја удрил додека го копал тунелот.

Коментари

Популарно