ФОТО: Бубе Ин ја направи потребната операција

Познатиот стилист Бубе Ин со сопствените сили, средства, а помогнат и од средствата од хуманоста на учесниците во акциите за него како „Мајсторите за мајсторот“, замина на операција и по успешно изведената постапка порача – „Се враќам на големо, со многу новини!!!“

На својот Фејсбук профил, објави фотографија од рентген снимката на рамото на кое е извршен потребниот хируршки зафат и се заблагодари на сите пријатели, а во свој стил, ги спомна и непријателите:

-Почитувани пријатели познаници клиенти и неизоставните непријатели еве конечно неодамна се реализираше мојата операција имплант на рамо. Пред се сакам да се заблагодарам на сите оние кои помогнаа да се направи овој зафати ,и на сите оние безгризници кои само прашуваа што се деси каде отиде помошта, кои мислеа дека сето е само фарса… е па еве уверете се сами …. што се случува со мене после сите лоши нешта што ми се случувааа овој период верувам во Бог и во сам себе дека веќе нештата ке одат во нагорна линија на подобри и посреќни денови, напиша тој.

Тој истакна дека е среќен што бил опкружен со позитивни ликови кои ми ја вратиле самодовербата и сфатил дека имал многу клетници кои му ја цицале крвта.

-Но доста беше, се рехабилитирам и се враќам на пиадесталот кој ми припаѓа. До кој стигнав мачно и со многу труд и мака и нема да дозволам да го земе некој туку така, верувајте, се враќам на големо со многу новини и секако да не зборавам да му се заблагодарам и на мојот тим кој остана лојален и истраен до крај на сите мои зановетања и одговори на моите барања и потреби! Thanks дечки, You are the best, Love you!“, напиша тој.

Коментари

Популарно