Ахмети ќе бара од Собранието резолуција за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците

Во кичевско Зајас беа погребани посмртните останки на Албанци што биле убиени во масакри во периодот од 1913 година па сé до Втората светска војна. Станува збор за посмртните останки кои беа пронајдени во бунар, а остатокот во една пештера на кичевските планини.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, одржа говор пред присутните при што побара солидарност од Македонците, бидеќи како што рече, и врз нив имало злосторства.

„Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој, бидејќи нема да бараме надомест. Нивните животи не можат со ништо да се надоместат“, порача Ахмети. Тој најави дека ќе побара од Собранието на Република Македонија осуда на злосторствата извршени пред 104 години.

Вицепремиерот, Хазби Лика, пред присутните рече дека со почитувањето на овие жртви се порачува никогаш повеќе да не се повторат вакви злосторства. Пред присутните се обрати и министерот за дијаспора во Владата на Албанија, Пандели Мајко, пак, рече дека овие луѓе се убивани само затоа што зборувале албански јазик. Тој и се заблагодари на македонската Влада што овозможила да се одбележи овој настан.

Коментари

Популарно