Дневен хороскоп

ОВЕН

На вас останува да го донесете завршниот збор или конечната одлука која што претставува позитивна пресвртница во деловната соработка. Бидете доволно аргументирани и одговорни за вашите постапки, нема причина да се повлечат избрзани потези. На состанок со вашата сакана личност, првиот впечаток може лесно да ве излаже и така да ве наведе на погрешна реакција. Контролирајте ги вашите ненадејни изливи на љубомора. Во вечерните часови добро ќе ви дојде прошетка со вашите блиски пријатели.

БИК

Избегнете го лицето кое носи дополнителна нервоза или негативно расположение кон вашата околина. Ако сакате да стекнете нечија доверба, мора да постапите во согласност со воспоставените правила за деловна и финансиска соработка. Потребно е подобро да ги разберете работите кои што партнерот постојано ги премолчува.

Бам ви е јасно дека до некои одговори не се доаѓа лесно и едноставно. Употребете ја својата интуиција, нема причина за несигурност и напнатост.

БЛИЗНАЦИ

Се обидувате да најдете некое ефикасно и практично решение. Посебно ве иритира средбата со вашите соработници, кои очекуваат на вас да прифатите различни деловни отстапки. Делувате вознемирено, но партнерот многу добро знае како може да ве инспирира за позитивно размислување и расположение. Опуштете се во блиско друштво или со лице кое вам ви е искрено наклонета. Избегнувајте ситуации кои ја попречуваат вашата концентрација.

РАК

Обрнете внимание на различните информации кои упатуваат на некое практично и корисно решение. Важно е да ја зачувате вашата доверба во одредени соработници и да прифатите некои посовремени бизнис идеи. Очекувате успешни резултати. Нема потреба да ја ограничувате вашата фантазија, изненадете ја сакана личност со необични идеи и активна улога. Дејствувате многу ентузијастички. Подобрете го вашиот физички изглед како дополнителен стимул за подобро расположение.

ЛАВ

Некои одговори може да се сфатат на неколку начини, но на крајот останувате лишени од основните услови што ви се потребни. Нема причина да се однесувате премногу сочувствително кон соработниците кои го игнорираат вашето присуство или молба.

Во емоционални средби, “тркалото на среќата се врти” – некаде добивате и некаде губите. Сочувајте го личното достоинсвто во исчекување на подобра прилика . Среќата е остварлива. Важно е да се заштитите од некои негативни влијанија.

ДЕВИЦА

Додека вие упорно тактизирате си смилувате решенија, некој друг делува ефикасно и дава позитивни резултати т.е реди успеси. Бизнис загубите ги илустрираат различните проблеми кои постојат меѓу соработниците или ги влошуваат околностите во кои сте во моментов.

на состанокот со саканата личност бидете искрени и реални, подобро е да не ветувате работи кои не сте во можност да ги исполните. Околностите ќе се променат. Нема причина да бидете оптоварени со тешки обврски.

ВАГА

Вашиот бизнис и финансиски успех доаѓаат од добро осмислени планови и прецизни потези. Ништо не е случајно, па бидете упорни во вашите намери пред вашите деловни партнери . Покажете ги своите способности на дело. Дозволете си некое ново задоволство.  Добро ќе ви дојде некоја романтична забава во одбрано друштво. Вие сте во одлична психофизичка форма.

СКОРПИЈА

Имате чувство дека ви фалат сигурни информации или дека наеднаш пред раце ви бега добра бизнис зделка. Поради отежнувачките околности во кои сте, не можете да го скриете разочарувањето кај некои соработници.

Не дозволувајте мали недоразбирања со вашата сакана личност, да прераснат во озбилни проблеми кои што ќе ве раздвојат емотивно. Разговаратје отворено за се. Важно е да ги надминете вашите внатрешни конфликти.

СТРЕЛЕЦ

Ако не ви се допаѓа крајното однесување на некое лице, внимателно одберете ги зборовите што ги користите во вашата изведба или средба со соработници. Дипломатските белешки стануваат необјасниви, особено кога постои добар деловен интерес.

Премногу внимание посветувате на некои споредни случувања кои додатно ве оддалечуваат од саканата личност и од некои заеднички планови. Потребна ви е подобра психолошка рамнотежа.

ЈАРЕЦ

делувате снаодливо во почетната фаза кога се решаваат важните деловни и финансиски интереси, но вашата концентрација опаѓа во завршницата.

Не можете да влијаете на протокот или динамиката на деловните преговори, бидејќи постои основен протокол. Новото сомневање доведува само до некое емотивно оддалечување. Треба да имате хармоничен дијалог со вашата сакана личност и се ќе биде подобро. Дајте си креативен одмор и повеќе часови здрав сон.

ВОДОЛИЈА

Некој не обрнува внимание на вашиот деловен авторитет или пак на коментарите кои ги упатувате кон нив. Сепак, избегнувајте конфликт со лице кое го предизвикува вашиот начин на размислување. Треба да се воспостави подобар модел на успешна комуникација. Нема причина да се однесувате премногу строго кон вашето семејство. Прифатете нечие извинување. Покажете дека имате доволно разбирање и емоционално сослушување за она што се случува. Избегнувајте деструктивно однесување и некои лоши навики.

РИБИ

Не ја потиснувајте својата интуиција, вие одлично можете да го предвидите протокот и расплетот на настаните на деловната сцена. Постојат ситуации кога е тешко да се објасни вистинската причина или последица, но ако вашите чувства се во согласност со гласот на разумот, постапувајте според вашата совест. Треба да го постигнете својот внатрешен мир и задоволство, за да можете да направите нешто добро за вашата околина. Вечерните часови планирајте да ги поминете во склад со вашето расположение, опуштете се.

Коментари

Популарно