Она што го интересира секој маж: Као изгледа сексот меѓу две жени?

Зара Бери храбро проговорила за Elite Daily за сексуалната реалност на лезбејската заедница и одговорила на прашањата кои интересираат многумина, но ретки се оние кои би се осмелиле да ги постават на глас. Зара вели дека многумина ја чуваат приватноста во својот кревет, но таа отсекогаш била „отворена книга“ и воопшто не ѝ е непријатно да зборува за својата интима. Иако, признава не било отсекогаш така.

„Јас сум страствена лезбејка која ја сака својата девојка и која ќе ја бакне во два часот наутро во меѓуножјето, без извинување и без задршка. Ниту јас не знаев сè на почетокот, учев низ обиди и грешки и ми беше некако непријатно да ги прашам другите за нивните искуства. Но, си реков себе си, по ѓаволите сега е 2015 година, а ние сè уште се срамиме да зборуваме за сексот“, раскажала Зара, па одговорила на 10 прашања за лезбејскиот секс.

1. Што всушност се смета како секс во лезбејската заедница? 

Можете да прашате шест различни лезбејки што е лезбејски секс и ќе добиете шест различни одговори. Мојата пријателка Џеки вели дека тоа е пенетрација со прсти и дилдо, а за Сали секс е ако партнерката ѝ седи на лицето. Лиса одговара многу мудро: „Ќе знаете дека е секс ако дојде до него“.

2. Како е употребата на дилдо поинаква со жена во однос на мажот? 

Милион пати сум чула коментари од типот: „Зошто лезбејките не искористат реален маж, а не дилдо?“ Мене многу ме привлекува женското тело, а неговиот мирис страшно ме возбудува. Мажите и жените имаат различни мириси на телото, тие бакнуваат поинаку, имаат поинаков вкус, поинаку се движат итн. Да речеме, влакнестите машки гради ми се едноставно одбивни, додека женските гради ме возбудуваат. Јас не сакам пенис, а дилдото не е тоа. Тоа е секс играчка со која можам да се почувствувам фантастично.

3. Како недостатокот на контакт меѓу пенис и вагината влијае врз емоционалната врска? 

Пред да преминам „на другата страна“, имав сексуални односи со мажи. Но, за мене сексот со жените е многу поинтензивен. Жените немаат пенис кој го ставаат внатре – надвор, туку мораат повеќе да се потрудат. Емоционалната врска за време на сексот со жена оди во некои нови размери бидејќи меѓусебно ги запознаваме нашите тела со рацете и устата.

4. Што е точно "scissoring" (scissors – ножици)?

Ох, тоа е една прекрасна, величествена уметност. Тоа е лезбејски сексуален чин во кој двете партнерки ги шират своите нозе, ги притискаат вагините една од друга и меѓусебно си ги тријат клиторисите додека не дојдат до оргазам. 

5. Дали постојат родови улоги во врската, едната има машка, а другата женска?

Ова е чувствително прашање, многу чувствително. Јас би рекла дека тоа зависи од парот. Дефинитивно постојат некои врски во кои едната партнерка превзема машка улога, а другата повеќе женска. Некои се чувствуваат попријатно во традиционално машка улога, а други во женска. Но, понекогаш тоа е тешко да се дефинира. На пример, јас сакам да го украсувам домот, да купувам цвеќе, а тие две навики се сметаат за типично женски. Сепак, понекогаш сакам да контролирам, да одберам ресторан, да нарачам вино, што се повеќе машки особини.

6. Кој прв доаѓа до оргазам?

Јас.

7. Дали твојата партнерка интуитивно знае како да дојдеш до оргазам? 

Сфатив дека жените се неверојатно несебични љубовници. Ние сме многу интуитивни во овозможување оргазам бидејќи знаеме што сакаат жените, а мажите не можат да го сфатат тоа.

8. Дали уживаш во лезбејски порно филмови?

Не. Мислам дека таквите порно филмови се смешни и воопшто не го претставуваат реалниот лезбејски однос. Всушност, дознав дека најстраствените гледачи на таква порнографија се всушност хетеросексуални жени. Интересно, нели?

9. Дали лезбејките облекуваат секси долна облека?

Неко лезбејки носат спортски градници, некои пуш-ап градници, а некои воопшто не носат. Но, ќе кажам една работа – ние сакаме да ја возбудиме партнерката исто како што секоја девојка сака да го возбуди својот партнер. Сакам да бидам сексапилна за мојата партнерка.

10. Лезбејки со долги нокти?

Ние имаме обичај да имаме кратки нокти бидејќи доста ги користиме прстите за време на сексот. Но, ако партнерката не сака пенетрација со прсти, тогаш долгите нокти се во ред. Само мора да внимавате да ги користите само јаготките додека на партнерката ѝ го стимулирате клиторисот.

Коментари

Популарно