Пејачката која го остави Саша Поповиќ пред олтар прозборе по долги години

Злата Петровиќ за прв пат прозборе за својата врска со директорот на Гранд, Саша Поповиќ.

Иако никогаш не криеја дека биле заедно, за деталите не сакаа да зборуваат во јавноста.

– Првиот бакнеж се случи на забавата за полнолетство на Цеца. Јас бев кума на свадба, но другарка ми ме натера да свратиме и кај Цеца. Тргнав во толет, а тој по мене. Ми рече изгледаш убаво, но ти фали да се презиваш Поповиќ. Ме бакна, а тоа беше и прв бакнеж. Ми беше најубава ноќ во животот, вели таа.

Открива и дека Лепа Брена допатувала само за да види која е фаталната убавица во која се заљубил нејзиниот пријател.

Инаку, кога тој и понудил брак на Злата таа не била спремна, па му го фрлила прстенот и му го скршила срцето. Ја бркал цела година, но залудно.

Сега и двајцата се во среќен брак.

Коментари

Популарно