ВИДЕО: Потона Мис Стоун, нафтата се излеа во Охридското езеро

Огромна нафтена дамка ја прекри водата во каналот Студенчишта, пишува порталот Охрид 1.

Мирис на нафта се шири од излеаната нафта во каналот Студенчишта која го прекри речиси целиот канал во неговиот горен дел кон Билјанини Извори, и распрснати парчиња од дамката веќе стигнаа до устието на каналот Студенчишта каде тој се спојува со Охридско Езеро.

Нафтата според рибарите истекла од бродчето „Мис Стоун“ кое до половина потонато утрово го забележале во каналот.

Рибарите ( кои и покрај тоа што каналот е прекриен со нафта )  велат дека вчера се било во ред, и дека најверојатно еколошкиот инцидент со излеаната нафта и тонењето на бродчето настанал во текот на ноќта.

Низ каналот Студенчишта во Охридско Езеро се слева  вода од изворите „Бејбунар“ ( кои имаат вода, од „Билјанини Извори“ ( во моментов немаат вода ) и од изворите на „Хидробиолошки Институт“ ( кои имаат вода )

До објавувањето на веста не беше известена ни една институција, ни полиција ( пред која нафтата течеше бидејќи тука е лоцирана езерската полиција ), „Хидробиолошки Институт“ ни „Капетанија на пристаништа“.

Коментари

Популарно