Жена во Скопје се претставувала како мајка на Валерија Зафировска и барала пари!

Измамничка која се претставувала како мајка на седумгодишната Валерија Зафировска, за која изминатава недела се собраа средства за лекување во Турција, им се претставувала на скопјани како мајка на девојчето и им барала пари, пишува Фокус.мк.

Марина Зафировска, мајка на седумгодишната Валерија од Штип, за која деновиве се собраа 40.000 евра за операција на клиника во Турција, пред еден час на својот Фејсбук профил испрати предупредување до јавноста, дека во Скопје жена оди од врата на врата и лажно се претставува со нејзиното име.

Според сознанијата кои ги имала Зафировска, непознатата жена барала пари од граѓаните, тврдејќи дека е мајка на Валерија.

„До сите пријатели! Имаме дојава дека некоја жена оди во Скопје, поточно во Тафталиџе 2 од врата на врата и се претставува како мајка на Валерија и собира пари со изговор дека и требаат за престој во Турција. Жената немала никаква идентификација. Значи, средствата за Валерија се собрани. Нека и прости Господ на таа жена што ова го злоупотребува и се претставува како мајка на моето дете“ – апелираше Зафировска.

Таа денес ги уплатила средствата од донациите кои ја надминале сумата која им е потребна за лекување, на сметките на две дечиња, кои за исто така во тек се хуманитарни акции.

Целата статија прочитајте ја на Фокус.мк

Коментари

Популарно