ВИДЕО: Ова е забранетата сцена од серијата „Македонија“

По серијата препукувања преку медиумите меѓу Агенцијата за филм и „Јадран филм“, денеска на својот јутјуб-канал продукцијата ја објави забранета сцена од серијата „Македонија“.

„После фантастичниот успех на трејлерот на серијата и огромен број на позитивните критики од сите сегменти на македонското општество и од сите страни на политичкиот спектар, дојде време за нова фаза во која се претставува една од сцените на серијата, и тоа оние забранетите. За сите вас драги гледачи, следат и нови сцени, со кои ќе ве воведеме во серијата Македонија“, пишува во соопштението на продукцијата.

Агенцијата за филм, односно в.д. директорот Горјан Тозија и „Јадран филм“ една недела полемизираат преку медиумите по одлуката на Владата договорот за серијата „Македонија“ да биде раскинат поради констатирани нерегуларности, за што се води предистражна постапка во обвинителство и финансиската полиција.

Од „Јадран филм“ тврдат дека серијата е снимена, но досега го презентираа само трејлерот и 49 секунди од, како што велат, забранетата сцена.

Коментари

Популарно