Почина тенисерката Јана Новотна

По долга и тешка болест денеска на 49 годишна возраст почина една од најдобрите тенисерки во историјата Јана Новотна.

Чешката тенисерка во текот на 14 годишната кариера освои вкупно 100 трофеи на турнирите од кои 24 во поединечна конкуренција и 76 во игра на двојки, а најголемиот успех го забележа во 1998-та кога триумфираше на Вимблдон. 

Новотна беше дел од репрезентацијата на Чешка која славеше во 1988 година, а во текот на кариерата има и три олимписки медали.

Коментари

Популарно