Свдокот до СЈО: „Вие да не сакате сѐ да ви кажам јас“?

Сопственикот на фирмата „Фичо сервис“, која продавала градежни машини на „Трансмет“ на Сеад Кочан, денеска сведочи пред судот одговарајќи на прашања на обвинителите во врска со тоа, дали машините биле продадени или не. Во случајот „Труст“ обвинет е бизнисменот Сеад Кочан и уште две лица, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, кои се присутни на денешното рочиште.

СЈО во судница на газдата на „Фичо сервис“  му ги предочи купопродажните договори со „Трансмет“, a тој жестоко реагираше на прашањата на обвинителот Артан Ајро. 

Не ми викај и не ме прашувај што е ова и да ми го покажуваш потписот. Кажете ми зошто сум тука? Требаше да не повикате со сметководител. Судијке, јас вака не можам да одговарам, си има смедководство. Дневно има многу фактури, не се сеќавам од 2009", реагираше налутено сведокот Имери.

На ова обвинителот Ајро му укажа дека нема потреба да се вознемирува. Сведокот беше дециден дека потписот на потврдата за одземени предмети е негов, но беше несигурен за потписите на фактурите за склучените договори со „Трансмет“.

„Имам три различни потписи. Овој потпис на фактурата личи дека е мој. Стојам зад фактурата, но за потписот не можам да тврдам. Имам дилема за потписот на фактурите оти е различен, можеби на друг начин сум се потпишувал. Ова се фактури од 2011“, сведочеше Имери.

Сведокот во судницата за една од фактурите рече дека не е реализирана оти Кочан не успеал да се снајде за да ја плати.

„Кочан не се снајде да го плати багерот. Одговарам пред бога дека ја зборувам вистината. Кочан ме информираше дека не обезбедил пари, дека му е жал оти му се допаднала една градежна машина. Со долгогодишната соработка на нашите татковци му должев и еден багер. Кочан отиде во Холандија, го виде и си го плати. Му направив услуга и тој сам си го купи од фирмата од каде што купувам и јас“, рече сведокот.

Потоа повторно му се обрати на обвинителот Ајро со зборовите: „Вие да не сакате сѐ да ви кажам јас“.

Коментари

Популарно