Ова треба да го знае секој маж, но и секоја жена

Женскиот оргазам продолжува да биде предмет на интензивни научни дебати. Докторите константно пробуваат што појасно да претстават што ја предизвикува жената за да постигне оргазам, а што е тоа што ја спречува во истото.

Жените доживуваат оргазам во 4 чекори:

1. Возбудување

Жената иницира или се сложува дека сака секс и како што почнува, жената се фокусира на сексуални надразнувања. Крвта почнува забрзано да тече низ клиторисот, вагината и брадавиците и создава сексуално возбудување во целото тело.

2. Врвот

Сексуалната желба се гради како предвесник на оргазмот. Една третина од надворешноста на вагината се зголемува поради засилениот проток на крв, создавајќи платформа за оргазам. Забрзаното чукање на срцето, крвниот притисок и дишењето продолжуваат да се зголемуваат.

3. Оргазам

Серијата на ритмички контракции се јавува во уретрата, вагината и долните карлични мускули. Сексуалната тензија предизвикана од водење љубов се ослободува, мускулите во оргазмот може да се грчат. Чувството на топлина обично од карлицата преминува низ целото тело

4. Опуштање

Телото се опушта, а крвта се повлекува од зголемените сексуални органи. Чукањето на срцето, крвниот притисок и дишењето се враќаат во нормала.

Стимулација на женските органи

Жените се благословени со организмот кој е способен да доживее оргазам на еден или повеќе начини.

Стимулацијата на клиторисот е докажана како најсигурен пат до оргазмот. Клиторалниот оргазам е најблиску до машкиот оргазам по начинот на кој се доаѓа до него, каде имате еректилно зголемување, врв и потоа опуштање и на крајот некое време клиторисот не е способен да доживее оргазам.

Меѓутоа, некои жени исто така можат да доживеат оргазам со вагинална стимулација, а некои пак благодарејќи на Г - точката.

Истражувачите веруваат дека кога Г - точката е стимулирана таа предизвикува чувствителни оргазми и сексуално возбудување. Меѓутоа, не постои ни еден универзален и докажан аргумент дека Г - точката постои кај жената.

Проблеми при постигнување на оргазмот

Постојат физички проблеми кои можат да ја спречат жената да го постигне оргазмот, но многу работи кои го спречуваат оргазмот потекнуваат од женската психа. Жената нема да може потполно да се фокусира и да се препушти на сексуалната стимулација поради некое непријатно искуство, страв, чувство на вина и други работи. Вежбањето на техниките на мастурбација, терапиите со психолозите, сексуалната едукација, се само некои од начините за тоа како може да им се помогне на жените да го достигнат врвот.

Коментари

Популарно