Скопје: Застана автобус и го нападнал возачот со безбол палка

Д.А.(33) со автомобил „Застава“ му го пресекол патот на автобусот на ЈСП број 24, управуван од М.И. (52), при што излегол од возилото, искршил еден од прозорците на автобусот и физички го нападнал М.И. со дрвена безбол палка во пределот на главата, во инцидентот што се случил вчера на улицата „Народни Херои“ во близина на крстосницата со улица „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје.

Нападот бил пријавен во полиција вчера околу 14.15 часот. Д.А. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници и приведен во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Коментари

Популарно