Последните зборови на, Чарлс Менсон - најсвирепиот убиец во светот

Еден од наусоривте масовни убијци на 20 век, Чарлс Менсон, почина пред неколку дена во болница во која бил префрлен од затворот  кога било констатирано дека е на смртна постела.

Злосторникот кој најпрвин е осуден на смртна казна, која потоа е заменета со доживотна робија, во историјата на криминалистиката влегува со свирепите убиства кои ги направија членовите на неговата секта „Семејство“.

Меѓу 35 жртви на оваа секта е и актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, која со 16 убоди од нож ја убиле во осмиот месец на бременоста.

Денес се откриени последните зборови на Менсон пред да ја испушти последната воздишка, а кои докажуваат дека и во смрт заминал онака како што живеел – како вистински лудак.

– Јас сум најпознатото човечко суштество не само помеѓу живите, туку и кое некогаш живеело. А се уште не сум мртов. Што ќе се случи која ќе умрам? – рекол Менсон на смртната постела.

Претходно Менсон, кога бил префрлен во болницата, негирал дека има врска со убиствата за кои е осуден на доживотен затвор, велејќи дека никогаш ништо не им наредил и дека членовите на сектата „Семејство“ можеле да ја напуштат истата кога и да посакале.

Очевидците на неговите последни денови додаваат дека не покажал ниту трунка каење.

Коментари

Популарно