Овој дел од женското тело расте во текот на целиот живот

До 32-та година димензиите на клиторисот ќе бидат дури четири пати поголеми во однос на периодот кога влегувате во пубертет. Познато е дека тестисите и пенисот на мажот се намалуваат со текот на годините, а жените го немаат овој проблем, клиторисот расте во текот на целиот живот.

Научниците тврдат дека ова се случува поради хормонските промени во телото и покажува зошто жените уживаат во сексот многу повеќе во староста. 

Од влегувањето до излегувањето од пубертет, клиторисот се зголемува речиси два пати. До 32-та година димензиите ќе бидат дури четири пати поголеми во однос на периодот кога влегувате во пубертет, а после менопаузата е седум пати поголем отколку што бил кога сте се сè родиле.

Инаку, делот од клиторисот кој може да се погледне е со просечна големина до сантиметри, додека во внатрешноста се протега до десет сантиметри. Во клиторисот се наоѓаат 8.000 нервни завршетоци, двојно повеќе отколку во пенисот.

Неколку факти повеќе за клиторисот:

- Студиите покажуваат дека помеѓу 50 и 75 % од жените можат да доживеат оргазам единство ако им се стимулира клиторисот.

- Оргазмот кој се случува поради стимулирање на клиторисот трае 10 до 30 секудни.

- Клиторсот е единственото нешто кое на жената ѝ овозможува задоволство.

- Неговата големина е различна кај секоја жена и не влијае на интензитетот на задоволство.

- Жените кај кои клиторисот се наоѓа во близина на отворот на вагината, полесно доживуваат оргазам.

Коментари

Популарно