(ВИДЕО) Свршеницата на Роналдо ги разлути фановите со објавеното видео во кое таа вежба

Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез пред девет дена роди девојче, а парот го разнежни светот со првата фотографија од својата ќерка.

Меѓутоа, Џорџина сега успеа и да ги разлути своите фанови со објавувањето на кратко видео во кое таа вежба само неколку дена по породувањето.

 

Me encanta😍 Maravilla de gym 💪#amplitud #buenrollo #cr7crunchfitness @cristiano

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

"Што правиш, само што роди?! Ниту еден лекар не би ти го препорачал ова! Тоа е твое тело, прави што сакаш. Го почитувам тоа, но не те разбирам", напишала една нејзина следбеничка на Инстаграм.

"Што ќе добиеш од тоа добро да изгледаш, ако ова ти штети на здравјето? Сега си мајка, престани да мислиш само на себе", додала друга, додека третиот коментар бил поостар: "Не смееш да вежбаш барем шест недели по породувањето! Изгледа дека притисокот е огромен кога си девојка на Роналдо, па затоа мораш што побрзо да ја вратиш старата линија".

Но, помеѓу коментарите имало и такви кои застанале во одбрана на Џорџина и објасниле дека таа отсекогаш вежбала, дури и кога била трудна и дека нејзиното тело е навикнато на таков напор.

Коментари

Популарно