Македонец на печалба во Катар: Животот тука е...

24 годишниот Филип Штаклев од Скопје веќе три години работи во една од најбогатите земји на светот.

Штаклев по вокација е геодет со завршено средно стручно училиште, но во Катар работи нешто сосема друго. Вели дека во Катар е лесно да се најде работа, може да се напредува, а катарските работодавци иако звчу расистички, сепак сакаат бели луѓе, односно оние работници кои потекнуваат од Европа за нив се кадар кој сакаат да го задржат.

Скоро 3 години сум тука, лета времето, како вчера да беше кога дојдов и бев цел збунет. Работам во хотел Ritz Carlton, започнав како спасител на плажа, а скоро бев унапреден во „Агент за гости”.Да бидам искрен не ми беше воопшто планирано, тогаш одев во средно сèуште. Бев неколку месеци пред завршување, а понудата ја добив од Црвен Крст на Македонија. Дојдов заради промена, искуство и нормално повисока заработка – вели Штаклев.

Овој млад човек вели дека може солидно да се работи во Катар, со оглед на тоа што платите се од 600 евра па нагоре.

Зависно од која позиција од 600евра па нагоре, со оглед на тоа што сè е платено од компанијата. Тука според закон компанијата која те повлекува мора да ти обезбеди сместување, превоз од и до работа, храна и авионска карта. Ценат услуга за тоа најдобро знам затоа што работам во хотел.

На сопствениците и менаџерите им е многу важно гостинот да замине среќен од хотелот, па затоа и имаме редовни тренинзи за услуга и комуникација со VIP гости. Искрено многу е поразлично од нашиот менталитет и тоа како ние живееме, но сепак би ги советувал сите што имаат можност да дојдат и да искусат нешто поразлично и да стекнат ново искуство во животот – раскажува Штаклев.

Засега немa точно дефинирани планови каде себе си се гледа во иднина, дали ќе се врати во земјава или останува во странство.

„Многу пати сум размислувал на таа тема кога ке ме фати носталгија за дома, но сепак во скоро време не ми е во план да се вратам за понатаму ке видиме како ке се одвиваат работите“ – вели тој.

Во споредба со другите арапски земји, Катар со години е во многу подобра економска состојба, а тоа се гледа и со ниската стапка на невработеност која достигнуваше и до 0.4%, или 0.6%.

Во вториот квартал од 2017 година невработеноста им е 0.10%.

Коментари

Популарно