Започна седницата на ИК на ВМРО ДПМНЕ: Оставка на Груевски или подршка за лидерот и фокус на протести?

Вечерва, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот помеѓу 18 и 19 часот пристигнаа поголем дел од членовите на Извршниот комитет на партијата.

Според извори на АЛСАТ-М, состанокот нема дневен ред, но највисоко на агендата се очекува да биде понудената оставка на лидерот на партијата, Никола Груевски.

Комитетот треба да се изјасни дали ќе ја прифати оставката и кои ќе бидат следните чекори на партијата.

Седницата е свикана откако неделава Груевски најави дека планира да поднесе оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, според извори на Вечер, се работи за координативна средба на која Гревски ќе изнесе пред Извршниот комитет информации за двете лидерски средби кај претседателот Иванов, по што ќе се разговара за следните чекори за заштита од акциите за масовно приведување и пресуди за притвор на членови на ВМРО ДПМНЕ, пратеници а особено лидерите и учесниците на протестите За заедничка Македонија.

Давањето оставка сега според раководството на ВМРО ДПМНЕ, и дефокус на партијата од овие важни процеси, и би се пренасочила енергијата од битни национални и политички теми кон персоналните комбинаторики кој, доколку Груевски поднесе оставка набргу, би влегол во новите органи на партијата.

Коментари

Популарно