ВМР ДПМНЕ: Ослободување на сите притворени или...

ВМРО-ДПМНЕ бара итно ослободување на сите притворени за случувањата во Собранието од 27 април и најавува дека дотогаш ќе продолжи да протестира.

Опозициската партија во судските одлуки за притвор кои вчера им беа изречени на уште шест пратеници, препознава реваншизам, тенденциозен атак и процеси на политички прогон.

- Денес е уште еден црн ден за демократијата во Македонија. Хунтата под водство на Зоран Заев продолжи со притворање на сите што не се плашеа гласно да се спротивстават на антидржавните политики што СДС ги спроведува периодов. Бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и изживувањето кое го прави СДС - рече синоќа на прес-конференција генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски, додавајќи дека ова не е демократија, туку тиранија.

Според него, веќе пет проценти од собранискиот состав е во притвор. 

- Со ваквиот начин на делување хунтата на Зоран Заев ги закопува сите можности за нормално функционирање на Собранието и институциите кои би требале да ја контролираат извршната власт. Ги закопува сите можности за дијалог и си обезбедува неконтролирана моќ - рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

Популарно