Бев студентка и работев за минимална плата, сега сум спонзоруша и ќе си купам сопствена куќа

Пред една година 22 годишната Кејти не помислувала дека ќе живее ваков живот. Работела во ланец ресторани за брза исхрана и паралелно студирала. А тогаш слушнала за светот на спонзорите кои сакаат на своите спонзируши да им ги платат сите животни трошоци и така ја почнала нејзината нова „кариера“.

Се почнало откако направила профил на еден сајт специјализиран за спојување на спонзори и спонзоруши. Првиот човек на кого налетатала имал 30 години, бил разведен и „само му требало женско друштво“.

- Само седевме и разговаравме, понекогаш одевме во кино или јас ќе отидев кај него дома и таму учев, вели Кејти за Дејли Меил и додава дека за тие активности од него добивала 500 долари неделно. Меѓутоа, наскоро го раскинала договорот со него затоа што сакал озбилна врска.

- Тој не сакаше секс, но јас сакав, вели Кејти и додава дека наскоро пронашла нов спонзор. Тој имал 32 години и со него се гледала 3 месеци. Се гледале, како што вели, еднаш до два пати неделно и правеле се што прават вистинските парови, вклучувајќи и секс.

И од него добивала 500 долари неделно, но и многу накит и слични ситници.

- Тие врски се како вистинсите, озбилни љубовни врски. А парите се само црешата на врвот од тортата, уверува оваа девојка.

По него, имала уште неколку спонзори - сосема доволно сега Кејти да има доволно пари за сопствена куќа.

- Да, кријам од своите познаници и пријатели дека сум спонзоруша затоа што околу тоа постои многу стигма и табуа. Луѓето се огорчени, а незнам зашто. Преовладува мислење дека спонзорушите се неозбилни и немотивирани, а погледнете ме само мене - јас сум успешна студентка која гордо заработила многу пари. Не гледам ништо лошо во својата работа - спонзорството е обостран договор и двете страни знаат што добиваат, заклучува оваа девојка. 

Коментари

Популарно