Ужас: Дете (13) ја обезглавило мајката, потоа направило уште нешто поужасно и сето тоа го снимило

Дете од Кина на возраст од 13 години е уапсено зошто наводно и ја отсекло главата на својаа мајка, а потоа „снимката ја споделил со другарите преку интернет“.

Како што наведува Би Би Си, инцидентот се случил во градот Веншинг во провинцијата Сичуан, а британската куќа добила потврда дека постои истрага од кинеската полиција.

Локалните медиуми пишуваат дека убиството се случило по кавга меѓу мајката и детето, кое ја убило, и ја отсекло главата и ја ставило во кофа, која потоа ја „испразнило во одвод во близина на куќата“.

Злосторството не е откриено неколку дена, додека еден од другарите од одделението не го покажало видеото на своите родители кои веднаш повикале полиција.

Како што се наведува, детето по злосторството и до апсењето нормално одело на училиште и на крајот е уапсен.

Коментари

Популарно