(ВИДЕО) Хорор во САД: Британец на бокс-меч речиси остана без уво

Британскиот боксер Стивен Смит речиси остана без уво за време на борбата со Мексиканецот, Франсиско Варгас.

Во борбата одржана во Лас Вегас, Смит имаше желба да се врати на врвот, но откако увото му беше тешко повредено, дојде до прекин во деветтата рунда по што судиите едногласно донесоа одлука за победа на Варгас.

По мечот Смит е префрлен в болница каде увото му било сошиено и утре ќе се врати во татковината.

Коментари

Популарно