Еј-Би-Си: Експлозијата во Њујорк е подметната бомба - има повредени

Полицијата информираше дека реагира на терен и дека се уште не е утврдена причината за експлозијата.

Според телевизијата Еј-Би-Си, се работело за напад со импровизирана експлозивна направа, при што неколку лица биле повредени, а напаѓачот бил приведен. Овие информации се уште не се потврдени од страна на полицијата.

Исклучително прометните метро станици Тајмс Сквер и Порт Ауторити се евакуираат од страна на полицијата додека возовите не застануваат на овие станици. Двете метро станици се поврзани со подземен пешачки тунел, и очевидци велат дека патниците сами почнале да бегаат штом ја слушнале силната експлозија.

Коментари

Популарно