Родител на нападнато дете од ротвајлерот: Тое е кучете, не измислувајте!

Родител на едно од нападнатите дечиа од ротвајлерот во Аеродром, тврди дека заловеното куче е вистинскиот напаѓач и дека се измислуваат шпекулации за да се спаси неговиот живот. Тој на статусот на актерката Ирена Ристиќ посочи дека за тоа има сведоци кои се бореле со кучето при нападот на дечињата. На прашањето зошто жената која во прв моммент ги спасила децата од ротвајлерот вели дека кучето било мажјак, вели дека не знае зошто таа ака вели...

„Тоа ќе ја прашате неа,...не мене.

Јас немам потреба да лажам....

5 возрасни особи го потврдија кучето, како тоа со кое се бореле.

Сите 5 имаат рани од каснување од тоа куче.

Јес навистина више не знам како да ви објаснам дека 5 наспрема 1 е математика.

1 човек... може да згреши

5 луѓе, не.

Многу едноставна математика.

Второ...јас сум изузетно објективен...

За разлика од вас, на прво место го ставам животот на моето дете и на сите деца во нашата општина, па дури тогашживотот на песот.

Мојата објективност ќе ја поткрпам со изјавите на тие луѓе.

Својата објективност ја иполнувам со својата воздржаност.

Со денови читам како хејтери плукаат по мене...но верувајте ми...ниту се плашам ниту ќе се откажам...ќе истрајам.

И уште нешто...околу објективноста...очигледно е дека вам животот на тој пес ви вреди повеќе од животот на мојата ќерка.

Коментари

Популарно