ТЕНЗИЧНО: Пратеници на БЕСА удираа по собраниските клупи

Тензична  беше атмосферата денеска на расправа во Комисијата за европски прашања по Законот за јазици. Пратениците од БЕСА покажаа незадоволство откако беше одбиен нивниот амандман, поради што удираа по собраниските клупи, по што претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ, ја прекинa седницата.

Со амандман БЕСА побараа да биде сменето името на законот, па наместо Закон за употреба на јазиците, да се нарекува Закон за употреба на албанскиот јазик.

Министерот за правда, Билент Саљији, го одби амандманот затоа што смета дека БЕСА манифестира лажен патриотизам.

Меѓу претаниците од БЕСА и претседателот на Комисијата имаше кавга кога Груби не му даде збор на пратеникот, Фадил Зендели, да одговори за одбиениот амандман. Зендали и неговите сопартијци незадоволни удираа по собраниските клупи, а додека траеше обраќањето на Груби пред присутните, а Зендали излезе на говорницата и на албански јазик го образложуваше поднесениот амандман.

Ќе го поддржиме законот за јазиците, иако не го нуди она што го бараа Албанците, изјави пратеникот Фадил Зендели од БЕСА и го обвини претседателот на комисијата за европски прашања Артан Груби дека манипулирал, со цел да нема дебата.

Коментари

Популарно