(ФОТО) Пристигна со Бентли: Ана Николиќ ги шокираше фановите со својата облека- стравуваат дека не го заборавила Раста

Пејачката Ана Николиќ за прв пат се појави во јавноста по породувањето и разводот од раперот Раста.

Имено пејачката ги покани медиумите на прес конференција на која пристигна со автомобил од марката Бентли, а на неа зборуваше за нејзините музички ангажмани во иднина и враќање на музичката сцена по паузата.

Ана пристигна цела облечена во црно, а фановите се загрижија и се запрашаа дали се уште таа можеби жали по изгубеното? Нејзиниот сопруг Раста.

Сепак со широка насмевка на лицето и длабокото деколте Николиќ ги убеди сите дека „цвета“ по разводот и дека едвај чека да се врати на сцената, а тоа ќе се случи токму за новогодишната ноќ на 31 декември.

Коментари

Популарно