Австралиската рап пејачка беше во врска со музичарот „A$AP Rocky“ и кошаркарот на Лејкерс, Ник Јанг, а пред две години призна дека ги зголемила градите и оперирала носот.
27 годишната Иги Азалеа неколку пати демантираше дека го оперирала струкот. Иако поголемиот број од фановите не и веруваат, сега има уште повеќе скептични откако пејачката објави фотографија со која од блиску го покажа својот струк и широките колкови.
-Некаде е секогаш сончево, напиша Иги, а фановите коментираа дека нејзиното тело не дело на природата.
-Дали сте вие сите слепи? Ова е вештачко и побујно дури и од телото на Ким Кардашијан, напиша лут фан на останатите фанови кои нејзиното тело го нарекоа „совршено“.
Неодамна на социјалните мрежи таа позираше пред автомобил, а и тогаш истакна некои свои, за некои луѓе пребујни адути.
Инаку, Иги немала лесно детство, а тоа го откри ова лето.
-Додека бев мала, купатилото ни беше надвор од куќата, па сред ноќ поради страв од вештерки трчав до собар. Никогаш не смееме да заборавиме од каде доаѓаме, кажа таа.
Иги во 2011 година започна врска со рап пејачот „A$AP Rocky“, а беа заедно една година. Со 32 годишниот кошаркар Ник Јанг се сврши во 2013 година.
Инаку рап пејачката призна дека ги зголемила градите и оперирала носот уште пред две години.
-За тоа долго размислував. Го сакам своето тело, но ми сметаше што деколтето ми е мало, кажа таа тогаш.
💎❄️🌊
A post shared by Iggy Azalea (@thenewclassic) on
🦎🌿✅
A post shared by Iggy Azalea (@thenewclassic) on
🏝 #nobuedenroc
A post shared by Iggy Azalea (@thenewclassic) on
Happy Friday!
A post shared by Iggy Azalea (@thenewclassic) on
#MMVAs
A post shared by Iggy Azalea (@thenewclassic) on