(ВИДЕО) Тригодишното девојче страда од непознато пореметување на спиењето кое докторите ги оставило збунети

Преку ден таа финкционира нормално, како и секое друго девојче на нејзина возраст, но кога ќе дојде ноќта…

Тригодишното девојче страда од непознато пореметување на спиењето кое докторите ги оставило збунети, а нејзините родители комплетно изнемоштени. Таа преку ден функционира одлично, како и секое девојче на нејзина возраст. Но навечер Џесика се однесува многу чудно.

“Во текот на денот таа е свесна за присуството на други луѓе и ако и се обратите таа ќе ви одговори. Но навечер се однесува како да не постоите. И поставив прашање обидувајќи се да дознаам што се слуќува, но таа само прави чудни работи и несака да одговара на прашања. Секоја ноќ прави нешто различно, не постои некој шаблон”, кажала Тања, мајката на ова девојче.

Докторите се обиделе да дознаат што се случува. Нејзините лекови и вежни не успеале да и помогнат да заспие.

“Првпат се сретнав со вакво однесување на дете после 13 години стажирање на студии за спиење” изјавила нејзината докторка.

Мајката Тања и малата Џесика посетиле една од најдобрите клиники во Англија кои се занимаваат со пореметување во спиењето, каде што откриле дека Џесика има “живи ментални слики – бујна фантазија” (“eidetic imagery”) која е дел од мистериозниот свет на детскиот мозок во развој.

“Таа креира виртуелен тродимензионален свет во кој се дружи со измислени пријатели и многу и е забавно. Таа и по неколку часа си игра со нив” кажува нејзината мајка.

Не е официјално потврдено дека нејзиниот вид на инсомнија може да влијае на нејзиниот развој.

“Таа ги повторива истите слики и искуства кои ги доживеала во текот на денот. Тоа го прави во креветот бидејќи и е удобно и се чувствува сигурно” кажува докторот.

Тања е сигурна за една работа во однесувањето на детето.

“Најинтересната работа која ја дознав е дека Џесика е свесна за тоа што го прави. Конечно знам дека таа нема да се повреди себе си или да направи нешто слично бидејќи е свесна за се”, Кажува мајката на девојчето.

Како изгледа нејзиното однесување погледнете во видеото:

Коментари

Популарно