(ФОТО) Откако се разведе, славната пејачка не престанува да се појавува во секси изданија

По неодамнешниот развод, русокосата пејачка не се откажува од секси комбинациите кои одлично ѝ стојат, бидејќи нејзиното тело дефинитивно не изгледа како тело на жена во петтата деценија.

42-годишната пејачка Ферги пред неколку месеци се разведе од својот сопруг Џош Дуамел. Како што и сами открија, тие се разделиле претходно оваа година со ветување дека и понатаму ќе бидат тука еден за друг, како и за својот син Аксел.

“Со цел да им дадеме време за прилагодување на нашите семејства, одлучивме оваа вест да ја држиме во строга тајност пред да излеземе во јавност”, стоело во заедничката изјава.

За потсетување, парот ја започна својата врска во 2004 година, откако поранешниот бенд во кој Ферги беше членка – “The Black Eyed Peas” настапуваше во шоуто на Џош во Лас Вегас. Тие се верија три години подоцна, а венчавката беше одржана во јануари 2009 година на Малибу.

Девет месеци по романтичната церемонија, стриптизерката Никол Форестер јавно изјави дека Џош имал афера со неа во својот хотел во Атланта, а подоцна се извинила што му предизвикала непријатности на парот.

“Ова не е прв пат некоја стриптизерка да добие голема сума на пари за да лансира лажна приказна во јавноста”, изјавил популарниот актер.

По разводот, очигледно е дека Ферги блеска. Таа постојано се појавува во проѕирни парчиња, кратки и тесни фустани, секси корсети и високи чизми, а веруваме дека на Џош не му е воопшто лесно!

 

@voguebrasil

A post shared by Fergie (@fergie) on

 

bout to break out of my cage 🦁🦁

A post shared by Fergie (@fergie) on

Коментари

Популарно