Што ви треба за да ја имате секоја жена?

Најновото истражување, спроведено на Универзитетот во Квинследн, Австралија, на 160 жени, при кое биле  покажани фотографии од мажи и ги прашале кој од нив им е најпривлечен. Се испоставило дека модерните жени најмногу ги привлекуваат мажи кои се силни, мускулести и високи (барем 180 сантиметри), но имаат „baby face“.

Освен мускули, како важен фактор се покажала и висината, но не во толкава мера како силата. Исто така, жените повеќе ги привелкуваат мажите кои имаат потемна боја на косата.

Ниту една жена не покажала статистички значителна склоност кон мажи кои физички изгледале послабо, пишува „Дејли мејл“.

– Ефектот на висината и силата на атранткивноста може да се објасни со подсвесна желба жената покрај себе да има маж кој е здрав, силен и физички способен, велат истражувачите и додаваат дека случајот е ист и кај сите други цицачи, не само кај човековиот вид.

Коментари

Популарно