ФОТО: Познатата Македонка се преполови – ослабе 25 килограми!

„Патам од потрага по совршенство“, гласеше насловот на едно интервју во кое познатата македонска дизајнерка Ивана Кнез, откри дека не само што е силна, упорна и мотивирана да го бара совршенството во дизајнот, туку пред се и во себе.

Ивана Кнез кај пошироката јавност е позната како уникатната дизајнерка која стои зад модната етикета „Драма“, ателје од каде редовно излегуваат уникатни колекции и креации што редовно ги носат нашите познати дами.

Велат дека секоја жена носи своја убавина, а кога е задоволна од себе како физички, така и психички, таа едноставно блеска, а тоа е евидентно.

Токму тоа и се случува на талентираната Ивана која извесен период беше посветена на променатата на својот стил и начин на живот, а придржувајќи се до поствените правила, го постигна посакувано, да биде здрава, но и да ослаби неверојатни 25 килограми од себе.

Иминатите неколку недели Ивана Кнез беше гостинка на дел од домашните медиуми, а исто така се појави и на страниците од некои магазини. Темата секако беше модата, но и нејзината промена која е очигледна на прв поглед.

Денес вели дека е среќна кога се гледа во огледало , а иако е задоволна што од 92 кг, намалила на 67кг, нема да се откаже од здравиот начин на живот, избегнувањето на стресот, внесувањето здрава храна и секако вежбањето.

Овој пример на Ивана дефинитино може да ве мотивира и вие да го постигнете посакуваното со силна воља, а за промени секогаш ни требаат, не само кога се во прашање килограмите.

Инаку, покрај работата во своето модно студио „Драма„  Ивана Кнез е дипломиран костимограф, на Академијата за убави уметности во Белград. Работи како аутсорс дизајнер за „Сара Фешн“ локално, и за три компании надвор од Македонија.

Коментари

Популарно