Пулмолозите апелираат да не излегувате од дома без заштитна маска

Мерните станици деновиве покажуваат голема концентрација на штетни честички во воздухот.

Откако градските власти излегоа со препораки, совети и од пулмолозите- да се користат заштитни маски и антиоксиданси, без потреба да не се излегува надвор.

Аерозагадувањето стана хроничен проблем на Скопје.

Надлежните го вклучија алармот. Маглата се врати, а со неa и смогот и отровните честички.

Измешан со грипот тој може да има катастрофални последици по човечкото здравје, велат лекарите. Расте бројот на пациенти на Клиниката за пулмологија.

Скопјани веќе тешко дишат. Се жалат на главоболки, печење на очите и носот. Се заштитуваат колку што можат.

Коментари

Популарно