(ВИДЕО) Што се ПМ 10 и ПМ 2,5 честички и што можат да му направат на вашето здравје?

ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот. Каква штета му прават овие честички на организмот, објаснува  Мими Кимовска Христова, педијатар и член на О2 Коалицијата за чист воздух.

Ова е се само не е воздух каков треба да дишеме. Вака доктор Мими Кимовска Христова, ја опишува денешната состојба во главниот град, но таа веќе 4 години постојано алармира и предупредува за зголемената аерозагаденост и штетните последици кои ги чувствуваме сите и на социјалните мрежи и преку еколошките здруженија.

-Ова е се само не е воздух, смог измешан со зголемено ниво на штетните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички, изјави д-р Мими Кимовска Христова, педијатар и член на Коалицијата О2 за чист воздух.

Според д-р Кимовска Христова, научни студии докажале дека штетните ПМ честички се причина за сериозни болести меѓу кои и малигни заболувања, предвремени породувања и бебиња родени со мала тежина.

-ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот, додаде д-р Кимовска Христова.

Коментари

Популарно