Тања си го отрула бебето зошто многу плачело!

Обвинителството побара 40 години затвор за Тања Лакиќ Махуд , која си ја убила ќеркичката Ања , давајќи и метадон за да се смири . Тања уште за време на бременоста била нарко зависник и примала метадонска терапија . Бебето уште од раѓањето имало метадон во крвта , а подоцна и преку млекото додека го доела. Но , кога престанала да го дои , бебето било плачливо , па ,,мајката “ почнала да и дава по неколку капки метадон за да се смири .

Ова го кажа Тања во судницата , каде денеска почна повтореното судење за чедоморство .

Нејзиниот адвокат ја бранеше дека не била доволно свесна и оти и некој друг можел на бебето да му дава метадон . Но , според вештаците , обдукцијата покажала дека во крвта на бебето имало смртоносна доза на метадон .

Пресудата за мајката од Белград ќе биде изречена на 20 декември. .

Коментари

Популарно