Кога ќе ги видите нејзините фотографии нема да ви падне на памет да одите во солариум

Веројатно веќе сте слушнале дека редовното посетување на солариум е штетно за здравјето и дека може да биде причина за многу сериозни болести, но некако секогаш кога станува збор за такви работи, помислуваме дека нема да ни се случи на нас. Тоа го мислела и Тони Вилоги. Како медицинска сестра ги знаела сите опасности на солариумот, но "отрезнувањето" дошло со дијагнозата.

А дијагнозата не била воопшто лесна. Рак на кожа! И тоа како последица од одење на солариум, што Тони го практикувала од својата 15-та година. По агресивните терапии, дошле првите добри вести - ракот повеќе го немало, но денес таа живее во страв дека би можел да се врати. Затоа одлучила да ги предупреди сите оние кои одат редовно на солариум. 

"Вака изгледа лицето на личност која се лечи од рак на кожа. Ако на некого му е потребна мотивација да не оди на солариум", напишала таа покрај фотографијата на која се гледаат отворените рани на лицето.

Нејзините фотографии брзо биле пренесени од бројни медими ширум светот.

Одлуката да го објави селфито очигледно имало ефект, бидејќи како што пишува британски Mirror, пребарувачот "Google" во последните денови бележи рекордна претрага на поимот "рак на кожа", но и "солариум", "сончање" и "превенција на рак на кожа".

Сепак, интернетот можеби не е најдобро место за информирање за такви сериози проблеми, бидејќи често може да се наиде на неточни и непроверени информации.

Коментари

Популарно