Соња и Аца Лукас се смирија- ќе ја дочекаат Нова Година заедно

Аца Лукас после скандалот со Соња поради нејзината наводна афера со Марко Јариќ и неговите афери со Бранислава Пашајлија и многу други што продефилираа низ неговиот живот, беше решен да се разведе од Соња и со неа да ги расчисти сите односи засекогаш.

Меѓутоа после бурниот период и медиумското препукување, познатите сопружници сепак го продолжиле заедничкиот живот.

-Лукас уште на почеток на есента ги изглади односите со Соња првенствено поради ќеркичката Викторија, на која посебно е слаб. Во почетокот нивната комуникација се сведувала на договарање околу детето, па тој редовно од станот во Вождовац, во кој се пресели по караницата со Соња, доаѓал во куќата на Бежаниска коса, која и ја подарил на Соња за да живее со ќерките Софија и Викторија, и тоа само да ја превземе ќерката. Многу брзо, на инсистирање на најмладата наследничка, почнал да навраќа и да се задржува внатре на неколку минути, па на неколку часа, се додека еднаш не останал да преноќи. Детето било среќно, а ниту Соња не одолеала на шармот на Аца, па наскоро почнале да се однесуваат како среќно семејство- открива извор близок на парот.

Поради ќерката Викторија, Аца го напуштил станот во Вождовац и се согласил да се врати во вилата од 700.000 евра која по разделбата и ја препуштил на Соња.

-Со оглед на тоа дека стигнаа и до полиција, па подоцна завршија и на суд, Аца и Соња не сакаат повторно да завршат во медиумите, па дури и вестите за нив да се убави. Се трудат сегашниот однос да остане меѓу нив. Дури и од пријателите кријат колку се блиски, па се префрлаат на грижата за децата и сите ги убедуваат дека поради нив е подобро да бидат во што подобри односи – тврди изворот.

Коментари

Популарно