(ФОТО+ВИДЕО) Влезете во светот на најмоќниот човек во фудбалот: Богатството на неговото семејство се проценува на 630 милијарди евра

Богатството на неговото семејство се проценува на 630 милијарди евра. Јахтата му ја позајмувал на и на Леонардо Ди Каприо. Цената на највредниот автомобил во неговата колекција е 3,5 милиони евра.

После 17 кола неговиот тим Манчестер Сити е уверливо на врвот. Граѓаните досега запишаа 16 победи и едно реми, 1:1 со Евертон. Најзаслужни за сјајната низа на Сити и рекордите кои ги рушат од натпревар во натпревар се играчите, Пеп Гвардиола и неговиот стручен штаб. Меѓутоа, човекот кој сите ни ги собра на едно место е сопственикот на клубот Шеикот Мансур.

Освен што е сопственик на Манчестер Сити, Мелбурн Сити, Њујорк Сити и Ал Џезеира, противникот кој го измачи Реал во полуфиналето од Светското клупско првенство, Мансур ја извршува и должноста заменик премиер на ОАЕ и министер за претседателски работи. Членот на владејачкото семејство на Абу Даби благодарејќи на својата фирма (International Petroleum Investment Company) заработил повеќе од 19 милијарди евра, а според податоците од 2014 година, неговото богатство се проценува на 32 милијарди евра.

Мансур дел од своето богатство го вложи во спортски клубови (франшизи). Прво во 2008 година го купи Манчестер Сити за отприлика 260 милиони, со што на клубот му беа обезбедени средства за најдобрите играчи на светот. Пет години подоцна, Мансур стана сопственик на МЛС клубот Њујорк Сити, тим каде играа играчи како Андреа Пирло, Френк Лампард, додека се уште игра и капитен на тимот е Давид Виља.

После европскиот и североамериканскиот пазар, Мансур со купувањето на Мелбурн Сити во 2014 година се прошири и на австралискиот пазар.

Освен фудбалските клубови, шеикот ја поседува и една од најголемите јахти на светот, хотели, многу автомобили…

Топаз е шеста најголема јахта на светот. Долга е 147 метри, а направена е во 2012 година во Германија. Има осум ката, два хелиодроми, три базени, теретана, џакузија и кино. Непосредно пред Светското првенство во Бразил, Мансур јахтата му ја позајми на оскаровецот Леонардо Ди Каприо, кој на неа организираше забава за дваесетина пријатели.

Медиумите пренесоа дека Мансур за време на одморот на турскиот брег, на пристаништето во Мармарис потрошил повеќе од 440.000 евра на гориво за јахтата (танкер од 730.000 литри), а процесот за надополнување на горивото траел повеќе од 5 часа.

Мансур во 2005 година купи пет проценти од акциите на Ферари што му го олесни патот за носење на Формула 1 во Соединетите Арапски Емирати. Освен на Ферари, Мансур има и 9,1 процент од акциите на Даимлер. Во приватната колекција, Мансур помеѓу останатите автомобили поседува и: Мерцедес СЛР-МекКларен (400 илјади евра), Ламоргини Ревентон (950 илјади евра) и Ферари Енцо (2,8 милиони евра).

Како и Флојд Мејведер, Мансур е голем заљубеник во Бугати Вејрон, па во својата колекција има пет примероци. Меѓутоа највредниот примерок е Порше 911 ГТ1, чија вредност се проценува на 3,5 милиони евра.

Покрај движниот имот, Мансур во својата сопственост има и бројни недвижности. Во 2016 година за 50 милиони фунти си купи вила која се простира на 80 квадратни километри. Приватниот посед под назив Лос Куинтос де Сан Мартин се наоѓа на југозападот на Шпанија(Valencia dea las Torres).

Заедно со своето семејство шеикот во 2005 година ја финансираше изградбата на палатата(The Emirates Palace), која многумина ја опишуваат како единствен вистински хотел со седум ѕвезди. Палатата има 394 соби, вклучувајќи 92 апартмани и 22 претседателски апартмани, а мебелот внатре главно е од мрамор и злато.

Коментари

Популарно