Пејачката го покажа вереничкиот прстен: Мира Шкориќ ќе се мажи за богат Германец

Српските медиуми пишуваат дека пејачка Мира Шкориќ повторно ќе се мажи. Таа се појавила во јавноста со прстен за кој српските медиуми пишуваат дека е свршенички. Мира е шест месеци во врска со две години постар бизнисмен од Берлин, но врската ја чувала далеку од јавноста.

Нејзин близок пријател рекол дека Мира, конечно, е среќна и заљубена. И таа и нејзиниот партнер зад себе имаат по еден неуспешен брак, па ова би бил втор брак и за двајцата. Истиот извор додал дека Мира е свршена и дека свадбата треба да биде напролет. Во моментот Шкориќ е дел од музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, а бидејќи не успеа да се пласира во финалето, в недела ќе пее само во ревијалниот дел.

Коментари

Популарно