Дожд, снег и студ

Временска прогноза

Под влијание на нов влажен бран денеска од пладне и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои повисоки места особено на запад и на север. Од недела под влијание на северно воздушно струење температурите значително ќе опаднат. А од почетокот на работната недела утринските температури ќе се под нулата.

Коментари

Популарно