Кучиња нападнале 10 годишно дете во Карпош

Две кучиња вчера попладне искасале дете на возраст од 10 години на улица Волгоградска во Скопје.

Случајот во Полициската станица во Карпош го пријавил Т.С. (50) од Скопје. Тој информирал дека околу 17 часот, на улица Волгоградска две кучиња го нападнале  неговиот 10-годишен син, при што му се нанесени видливи повреди - расекотини на двете нозе. 

Ова не е прв ваков случај. Во Скопје за помалку од месец дена имаше повеќе напади од кучиња на деца и жени. Триесет и четиригодишен скопјанец деновиве пријавил во полиција дека го искасало куче во Сопиште.

Коментари

Популарно