Најава за СНЕГ на планините, но и во некои градови из Македонија

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, но ќе бидат послаби. На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 м.н.в. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно со умерен северен ветер и со повремен слаб дожд, а кон крајот на денот понекаде и во Скопската котлина можно е да провејува слаб снег. Т-ра до 6 степени.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Значително облачно и студено со локален слаб снег, особено на запад. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата значително ќе опадне.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на студена воздушна маса од вторник до петок времето ќе биде стабилно и многу студено со умерен северен ветер. Утринската температура во овие денови ќе се спушта во интервал од -10 до -3, а дневната ќе се движи околу нулата.

Коментари

Популарно