Шилегов ќе штрајкува со глад, ако...?!

Сарказамот најчесто се применува од две групи на личности.

1. Оние кои се премногу емотивни за да реагираат искрено на ситуацијата

2. Оние кои се премногу емотивно празни за да реагираат на ситуацијата

Кога пред неколку години почнав да пишувам текстови, кои некои ги нарекуваат колумни, целта ми беше на „хартија“ да ги искуцам моите емоции, но тоа заврши. Не се ни сеќавам каде и кога, но сега во моите пишанија нема емоција. Можеби само грам разочарување, што не се ни чувствува од обилната количина на иронија и сарказам. Дали жалам што така пишувам? Да! Дали можам поинаку? НЕ! Еве и денес во тој стил.....

Најпрво дефиниција: Револуција - темелна промена на власта или на државниот поредок, вообичаено извршена по насилен пат, односно преку вооружена борба. 

Тоа веќе ни се случи. Шарено беше и ни го донесе на власт СДСМ и истите криминалци и терористи од ДУИ (барем така шарените говореа за тогаш коалициониот партнер на ВМРО). Е сега, освен СДСМ во фотељите седнаа и шарените и оние кои малку се ишараа. Онака со фотки на ФБ. Тие уфотељени ни докажаа дека невладин сектор во Макеоднија е мисловна непознаница. Од оној .... хмммм.... (обратно од генијалец што му доаѓа?) Васиљ,  до Цацко, Сашо Тасески, преку типчено шо прво катапултираше кондоми по државни институции, за со пари од истите институции да лета во бизнис класа до Аргентина. Фејсбук поетон што е од Струга, а никад не бил на струшки вечери на поезијата, ама бидна директор баш на таа интитуција, па се сопна. Се до „неазвисниот“, пошто нишо не зависи од него (ова е цитат од левичар) Павле Богоевски. Се фраерче до фраерче. И тоа школовани. Јаки на муабет.... и толку. Го слушам последниот пред некое време, вика 10 души го тепале и Собрание на 27ми Април, а следен ден ми се шета по тв. Абе Павле, како да ти кажам. 10 девојчиња по еден шамар да ти удрат, две недели лузни ќе шеташ, него... муабетов, текстов не ми е за пијавици ко горенаведените. Муабетов ми е за воздухов во Скопје што го дишиме сите во котлинава. За Петре и за циркузот околу него. Ама посебно за Петре.

2-3 години (со право) ги слушав Петре Шилегов и другарчињата како на улица се борат против загадениот воздух во Македонија и посебно Скопје. Петре бараше„РЕЗУЛТАТИ СЕГА“. И кога резултатите не беа испорачани, Петре со помош на ДУИ и гласовите од Сарај и Арачиново стана градоначалник на Скопје. Им здосади на скопјани да живеат во загадено Скопје, иако претходниот градоначалник ќе биде запомнет како татко на градот што изградил убедливо највеќе. Трајановски, ваков или таков, зад себе остави повеќе од сите градонаалници пред него заедно (со се Трифун = 0). Граѓаните решија дека ветувањата на Петре се подобри од делата на Коце и... и сега реалноста им се удира од глава.

По само 40тина дена, Петре им покажа дека тој всушност и нема никаков план. Т.е. планот е и овие 4 годни да си глуми опозиција и да ги руга ДПМНЕ за претходните 10 години. Ако некој друг го критикува и тој е ВМРО. Ако родителите не ги пуштат децата на училиште затоа што нивото на загаденост е 10пати повиско од дозволеното,  и тие се ВМРО. Абе и децата се ВМРО ДПМНЕ. ГРУЕВИСТИ! Пред само два месеци, Петре кој тогаш не беше градоначлник на Скопје, протестираше против загадениот воздух со заменик министер од СДСМ, против министер на СДСМ. Петре и сега би протестирал, ама.....  Што убаво би му било. Место на работа со автомобил секој ден, до мааалски лулашки од времето на Трајановски и викај „нема воздух, нема мир“. Тоа е се што Петре знае. Да кука, обвинува и .... па тоа е се. Ако мене не ми верувате, еве ви ја новата акција на првиот скопјанин во која бара идеја од за прочистување на воздухот во Скопје од граѓаните. Оној кој ветуваше (и уште ветува) зелено и чисто Скопје, сега бара идеја како да го постигне тоа?! Ако ниедна идеја не му се допадне, што? Што тогаш? Ќе следува штрајк со глад?! Или сите ќе сме ВМРОвци. Кажете ми вие кои го гласавте, какво е чувството? Озбилно сакам да знам. Какво е чувството кога Петре во фаца ви кажува дека се зезал и дека вашите деца уште 4 години ќе се трујат, а истиот ден ветува дека Скопје ќе биде зелен град за 2 години? Нешо као коа Заев збореше дека Албанската платформа е само во главата на Груевски? Дај бе луѓе објаснете какво е чувството кога гласаш за фаци ко Зоки и Петре. Како е кога се надеваш дека ќе исполнат нешто, а само месец дена подоцна сфаќаш дека они 4 години ќе си глумат опозиција? Ниеден проект! Еве ви ветувам, НИЕДЕН! Шилегов нема капацитет, ниту екипа (освен секако ПиаР) да реазлизира било што од ветеното. И не, не е само тој. Детено од Карпош пред неколку дена на прашање на новинар зошто не оди со точак на работа рекло дека : Една ластовичка не прави пролет. Идејата на градоначалничево била да ги натера граѓаните на оптшина Карпош да одат на работа со автобус или точак, додека тој си се возика во Јагуар!!! Мене да ми е син, по ваква изјава јаде заушка и на 28 години. Онака од принцип, да не ми срами фамилија. Дај бе мали, градоначалник или не, среди си ги мислите. Не ми глуми Заев. Он барем со Трамп не се сретна. Се сретна, Не се сретна..

Сарказамот најчесто се применува од две групи на личности: Оние кои се премногу емотивни за да реагираат искрено на ситуацијата и оние кои се премногу емотивно празни за да реагираат на ситуацијата. Јас знам од кој сум, што мислите Петре и другарчињава од кои се? Онака за другар шо ги гласаше прашувам.

Поздрав од Пацифист

Коментари

Популарно