(ВИДЕО) Осуден на седум години: Ја натерал девојката гола да шета по град бидејќи се допишувала со други

Откако својата девојка, пред точно две години, ја присилил да шета гола по Харлем, бидејќи, наводно, се допишувала со други мажи, 26. годишниот Џејсон Мело е осуден на максимална затворска казна во траење од седум години.

„Начинот на кој Мело ги гледа жените им припаѓа на темните времиња, за него жените се сопственост“ рекол судијата Роберт Манделбаум, пренесува Daily Mail.

Девојкта која ја снимал додека одела гола по улиците на квартот во Њујорк со него има и дете.

„Ме уништи на толку начини, не сакаше да застане туку постојано ми се смееше како тоа да е некоја болна шега“ рекла 25. годишната девојка.

Мело наводно прочитал некои пораки од мажи на мобилниот на својата девојка, а потоа на неа фрлил поголем кип на Буда додека со нивната ќерка лежела на креветот.

Потоа и рекол дека ќе му плати така што гола ќе излезе на улица. Мело посрамувањето на девојката го снимил и објавил на Инстаграм и LiveLeak. Девојката прво носела пешкир, но ја натерал и’ него да го тргне.

„Згодна девојка како тебе, со седум мажи. Сега ќе платиш. Сега сите можат да видат се’“ викал на неа додека таа бегала од него.

Коментари

Популарно