Зошто Оне.Вип и Македонски Телеком ги исклучија Discovery и Eurosport каналите ?

Од 01.01.2018 година каналите Discovery, Eurosport повеќе нема да се емитуваат на операторите Оне.Вип и Македонски Телеком.

Од Discovery излегоа со соопштение дека се прекинува соработката, но без конкретни факти зошто е прекината со двата најголеми оператори во државата.

Денар.мк од блиски извори на еден од операторите ги дознава причините поради која е прекината соработката.

Причина поради која не е продолжен договорот е зголемување на цената за 30% од моменталната која е енормно висока сума, можеби и со шест нули која ја плаќа операторот, а со тоа и автоматски го принудува да ја покачи цената на крајниот потрошувач.

Како што дознаваме, операторите побарале овие канали да ги понудат само на корисниците кои сакаат да платат повисока цена, но компанијата која ги нуди каналите не се согласувала со тоа, односно да се нудат на сите корисници.

“Според статистиката што ја направивме, каналите Discovery, Eurosport  се гледани само 1% од вкупните корисници, што е релативно малку и со потпишување на нов поскап договор автоматски ќе ја зголеми претплатата на крајните корисници, што не би било фер, особено за оние 99% кои не ги гледаат тие канали, а треба да платат за нив”, велат од операторот.

Овој случај со Discovery и операторите не е само во Македонија, туку се случува и во другите држави од регионов како Хрватска минатата година, а сега и во Грција.

Преговорите меѓу операторите и Discovery  се сеуште во тек и најавија официјално соопштение во текот на наредната недела.

Коментари

Популарно