(ВИДЕО) СТАНАРИ МОЛЕА ЗА ПОМОШ: Видео од пожарот позади Собрание

A1ON објави видео од пожарот

АКО ПРОПУШТИВТЕ

Пожарот кој избувна во стан кај Собрание на улицата Даме Груев бил успешно изгаснат од пожарникарите пред да се прошири. На улицата вријат пожарникарски возила и возила на Брза помош.

Станарите изјавиле дека долго имале проблем со станарот, па не се сомневаат дека го запалил станот, а тој сега е во полициска станица.

Неофицијално само еден пожарникар побарал медицинска помош.

Станар од петти кат се жали дека не може да излезе. Тој и неговата жена не можеле да дишат од чадот, а се уште не биле евакуирани.

АКО ПРОПУШТИВТЕ:

Пожар избувнал во стан во Скопје на улицата Даме Груев. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот пред да се прошири во останатите станови и простории, пренесува А1он.

На терен освен противпожарните возила може да се забележат и две возила на итната медицинска помош и полиција.

Неофицијално, станар сам си со запалил станот а станарите од зградата за „Макфакс“ изјавија дека подолго време имале проблем со тој станар и неделава неколкупати го пријавувале. Станарот на опожарениот стан е изнесен и моментно се наоѓа во полициска станица, а еден пожарникар побарал медицинска помош. Станува збор за лицето Влатко Митревски кој до пред една година работел како професор во Штип.

Станарите на заградата за порталот изјавиле дека подолго време имале проблем со тој станар, што било пријавно до властите, но без епилог и се сомневаат дека тој сам го запалил станот.

Станарот во чиј што стан беше пожарот во моментов се наоѓа во полициска станица, а неофицијално само еден пожарникар побарал медицинска помош.

Станар од петти кат се жали дека не може да излезе. Тој и неговата жена не можеле да дишат од чадот, а се уште не биле евакуирани.

Во склоп на зградата има банки, но и други локали, кои не се опожарени и немаат штета.

Коментари

Популарно