Кој може да го наговори мажот на развод?

Четвртина од мажите ќе донесат одлука за развод на бракот под влијание на својот машки пријател кој и самиот минал низ развод.

Мажите на развод можат да ги наговорат нивните машки пријатели, покажуваат резултатите на анкетата спроведена во Велика Британија. Додека жените до одлуката да се разведат доаѓаат посамостојно, мажите веројатно паѓаат под влијание на разговорите со разведените пријатели. 

Со оглед на тоа што врз мажите е полесно да се влијае, кога еден од друштвото ќе се разведе, доаѓа до домино ефект пришто разведениот ги поткопува браковите на своите пријатели, се наведува во извештајот кој го објавила британската адвокатска фирма распрашувајќи ги поранешните двојки зошто се разделиле.

Речиси еден од четворица мажи (23 отсто) рекол дека бил под влијание на пријателите кои веќе биле разведени, а само 15 отсто жени ја донеле оваа одлука под туѓо влијание.

Анкетата покажала и дека членовите на семејството се помалку влијаат врз нечиј развод, затоа што само 10 отсто од мажите и девет отсто од жените изјавиле дека биле под влијание на семејството.

Коментари

Популарно